Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од село Десово, Општина Долнени.
МВР денеска соопшти дека при претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка. Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.