Пресврт во хрватскиот секс скандал: Девојката од видеото подготвува одмазда

Тоа е чиста повреда на приватноста, спротивна на неколку закони. Овде станува збот за материјали пуштени во јавноста, кои не смееле да излезат, вели адвокатот на манекенката.

Веќе неколку дена секс скандал ја тресе Хрватска, а девојката која се наоѓа на снимката се чувствува засрамено.

Имено, на интернет кружи експлицитно видео, а во него може да се видат неколку мажи и манекенката Тина Караниќ, која како што се наведува, била во несвесна и дезоријантирана состојба.

tina-katanic-foto-ps-1432317386-665047

Манекенката целиот случај му го препушти на својот застапник, адвокатот Ѕвонимир Ходаку, кој откри за јавноста во која фаза е постапката.

„Младата дама синоќа беше кај мене. Ги собравме фактите и доказите да видиме во која насока ќе се движи случајот. Ги гледавме изјавите на обвинетите во полицијата и нејзините. Кога ќе имаме се што ни е потребно, точно ќе знаеме што да правиме понатаму. Она што го знаеме е дека е апсолутно незаконско што снимката беше објавена во јавност. Тоа е повреда на приватноста спротивна на неколку закони. Овде станува збор за давање во јавноста, нешто што не смее да се даде“, вели адвокатот на манекенката.

Видеото неодамна ја обиколи целата балканска јавност.

tina-katanic-manekenka-foto-printskrinyoutube-1432301914-664947

- Реклама -