Престапните години, кога еден екстра ден е додаден кон крајот на февруари, се должат на тоа што соларниот систем никогаш немал намера да се раководи по нашите земски и фалични календари, меѓу кои и Јулијанскиот – затоа нашиот календар е непрецизен и не се согласува со комплетната орбита на Земјата околу Сонцето, за чие комплетирање се потребни точно 365.2422 дена. Се разбира, нашиот (како и Грегоријанскиот) календар има „само“ 365 дена.
Така, „престапни секунди“ и „престапни години“ се додаваат на воспоставените календари, за да ги чуваат нашите часовници усогласени со Земјата и нејзините годишни времиња.
Зошто баш во февруари?
Сите други денови во Јулијанскиот календар имаат 30 или 31 ден, освен февруари. Февруари е всушност жртва на римскиот император Октавијан Август. За време на неговиот предок на тронот – Гај Јулие Цезар, февруари имал 30 дена, а месецот именуван по него – јули, имал 31. Август имал само 29 дена. Кога Октавијан Август станал император, додал 2 дена на „својот“ месец – август, за да го изедначи со месецот на Цезар. Февруари, ни крив ни должен, ја изгуби битката за екстра денови.
Не, престапна година не е баш на секои 4 години
2000 беше престапна, ама 1700-та, 1800-та и 1900-та не беа. Престапна година е секоја година што е делива со 4, освен годините што се деливи со 100, а не се деливи со 400. Ова дополнително правило кое се воведе наспроти она за секои 4 години, е дополнителен „апгрејд“ со цел да се надомести фактот што екстра ден на секои 4 години е повеќе од потребната корекција.
Цезар и Папата Грегориј
Пред Цезар да стане император, во 1-от век п.н.е, Римскиот календар имаше 355 дена, со дополнителен месец од 22 дена на секои 2 години. Цезар, пак, му наредил на својот астроном Сосиген од Александрија да смисли нешто подобро. Тој изработил година од 365 дена со дополнителен ден на секои 4 години, за да ги инкорпорира дополнителните часови, па така 29-ти февруари беше роден. Бидејќи годината на Земјата не е точно 365 и четврт ден долга, астрономите на Папата Грегориј решиле да извадат по 3 дена на секои 400 години, кога го вовеле Грегоријанскиот календар во 1582-та.
Оттогаш наваму, математиката работи според предвиденото, но ќе мора да се најде ново решение за околу 10.000 години. Ама без паника, роботите ќе смислат нешто, сигурно.
Греотките родени на 29 февруари
Шансите да имаш роденден на престапен ден се 1:1461. Во регуларните години, многу од овие прескокнатите решаваат да слават роденден на 28-ми февруари или на 1-ви март. Некои предлагаат тие што се родени претпладне да слават на 28-ми, а тие попладне – на 1-ви. Во принцип, луѓето се снаоѓаат, а има и такви што стоички си поднесуваат 3 години без честитки. И едните и другите, вкупно ги има 4.1 милион луѓе ширум светот, родени на 29-ти.
Ако е за утеха, има и некои познати фаци родени на овој ден, на пример Папата Павле III и раперот Џа Руле.
Џабе работи, џабе не седи
Некој паметен работник се сети дека секоја престапна година, луѓето работат еден ден повеќе, кој всушност не им е платен. Така, во 2008-ма – кога екстра денот се падна во петок, еден учител од средно училиште во Шкотска проба да покрене револуција на „неработење на престапен ден“, на Kickstarter. Како што можете да видите, не му успеа, иначе немаше денес да ви пишувам.
Престапни секунди
Престапните години не се директно поврзани со престапните секунди, ама и двете ја имаат истата намена, да ги чуваат нашите каллендари и часовници во склад со Земјината ротација.
Престапните секунди се додадени за да се одржува Земјината ротација во чекор со атомското време. Престапна секунда беше додадена на крајот на јуни, минатата година, кога точно пред полноќ дигиталните часовници покажаа 11:59:60.
Атомското време е константно, но Земјината ротација постепено забавува, за околу 2 илјадити дела од секунда, на ден. Затоа, престапните секунди се клучни за да не застраниме со времето што го користиме од она базирано на ротацијата на Земјата. Ако го оставиме да тече без надзор, ќе стигнеме до ситуација кога средината на денот ќе се одвива ноќе.
Додуша и екстра секундата знае да направи проблеми, најмногу кај одредени компјутерски мрежи кои се потпираат на точни тајминзи. Кога престапна секунда беше додадена во 2012, Mozilla, Reddit, Foursquare, Yelp, LinkedIn, и StumbleUpon сите пријавија пад на мрежата, а имаше проблеми и со оперативниот систем Линукс, како и програмите напишани во Јава.