„Нема ‘грчка’, има Јужно-Македонска салата. Капа долу, душата ми ја наполнивте“, пишува на Твитер профилот @MlJaneto, споделувајќи фотографија од менито во познатата кафеана „Старо Буре“, во кое меѓу салатите не може да се најде неизбежната „грчка“, затоа што е преименувана.
Делот македонски граѓани кои се незадоволни од Преспанскиот договор (и обврските од него), очигледно, продолжуваат пркосот да го искажуваат преку вакви мали „победи“, па сличен пример има и во барем една друга кафеана. Во велешката „Меаната на Даце“, на пример, придавката „грчка“ е дури и прешкртана, а наместо неа стои „Егејска салата“.