Преслатко: Будење на панда (видео)

Мала панда од зоолошката градина во Атланта толку сакала да си игра, што се одлучила да го разбуди својот помал брат. Иако го туркал и грицкал, Меи Лун не успеал да го разбуди Меи Хуан од сонот.Како што откриле вработените за „Дејли мејл“, пандите станале многу разиграни откако направиле четири месеци. Сепак, овој пат еден од нив бил расположен само за дремка.

Брат му се качил на неговиот грб, па дури и го грицкал, но никако не успеал да го разбуди. Незаинтересираното животно се повлекло и продолжило да спие.

[youtube]http://youtu.be/aKtOucctyuQ[/youtube]

- Реклама -