Кога си германски овчар во полициска академија, од тебе се очекува да си ладен како Германец, да намирисуваш дроги подобро од крекхед и да си опасен како мадафака.
Гавел од Австралија едноставно не е такво куче. Тој сака да си игра и да се гали. Да фати дилер на дрога, нема да го нападне, туку ќе му лиже од рака. Логично, Гавел не успеа да заврши полициска академија.
Таман кога сакавме да го тешиме да не се секира, дознавме дека си нашол нова работа. Персоналот на гувернерот на Квинсленд одлучил да го именува Гавел за заменик кралско куче, позиција која е официјално и законски потврдена „изминатиов месец февруари“, ко што вика Кајгана.
„Надрасна четири униформи, преживеа тешка промена на кариерата и внесе неизмерна радост во животот на гувернерот, целиот персонал и посетителите на Квинсленд“, велат од канцеларијата. Денес ќе го видите како ги пречекува гостите во отмена кралска „носија“.
Поентата на приказната е: Не мора сите да работиме во полиција.