Премиерот Спасовски со лична донација за Кумановската болница

Премиерот Оливер Спасовски донираше тунел за дезинфекција на Oпштата болница во Куманово.

Тунелот ќе биде поставен на влезот во болницата и низ него ќе поминуваат сите коишто влегуваат и излегуваат од таму. Со тоа ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

– Ова е хуман гест од премиерот кој ќе допринесе во борбата против ширење на вирусот COVID- 19. Благодарност до премиерот од името на вработените, – стои во објавата на Општата болница Куманово.

- Реклама -