Премиера на аматерскиот филм „Фи“ во Џебно Кино МКЦ

3[1]

Вечерва во Џебно Кино МКЦ, во 20 часот, ќе се одржи бесплатна премиера на третиот аматерски филм на „Филмофилска продукција“, со наслов „Фи“.

“Знај дека душата е патникот, а кочијата е телото.
Знај дека умот е кочијашот, а интелигенцијата се уздите.
А коњите, што ги симболизираат сетилата,
го влечат телото по патот на сетилното спознание.”

Image1-e1458071780946[1]Филмот го потпишува младиот автор Владимир Најдовски, како режисер и сценарист.

„Аматерскиот филм може да биде и 100% авторско дело. Недостатокот на ресурси прави да користиме веќе постоечки елементи кои можат да се преземат бесплатно од Интернет. Но, во последниот филм се обидовме да ја одбегнеме таквата пракса и делумно успеавме“, вели режисерот.

По трет пат, непрофитната „Филмофилска продукција“, која постои и создава веќе 3 години, а е формирана од млади филмофили и ентузијасти, прави обид да ја збогати македонската кинематографска сцена со визуелна естетика која не е во рамките на професионалниот филм, а нуди алтернативни решенија во кадрирање, монтажа, музика и сценска игра.

1[1]До сега имаат снимено 3 краткометражни филмови. Вториот филм „Иумидрум“ е снимен пред околу една година, а може да се види на Јутјуб, додека првиот има „специјален“ статус и за сега никој не може да го гледа.

Во продолжение, „Иумидрум“:

- Реклама -