Откако истражната комисија објави дека семејството на пакистанскиот премиер – Наваз Шариф, не може да го објасни потеклото на своето големо богатство, како и дека се најдени докази за корупција, уставниот суд на Пакистан му го скрати третиот мандат и го разреши од функцијата.
Пакистанските медиуми пренесуваат дека ќе биде покрената и кривична истрага, а Шариф веќе нема да може да биде ни почесен член на парламентот.
Првата истрага започна по објавувањето на документи од аферата Panama Papers, во кои децата на Шариф се поврзани со офшор компании користени за купување на станови во Лондон. Документите го поврзуваат семејството на Шариф и со бизниси во Велика Британија и Персискиот залив.