Најновите истражувања покажуваат дека прекумерната хигиена во домот може да го зголеми ризикот од развивање на болеста кај заболените од дијабетис.
Според статистиката, во последните пет години значително се зголемил бројот на деца кои заболеле од дијабетис тип 1.
По долги експертизи, истражувачите дошле до заклучок дека причина за тоа може да биде прекумерната грижа на нивните родители за чистотата во домот. Тие сметаат дека во воздухот се наоѓаат одредени вируси и бактерии кои се клучни за создавањето на антитела во детскиот организам. Со апсолутната стерилизација тие се отстрануваат што може да биде причина за појава на астма, алергии и други болести кои се последица на намалениот имунитет.
Експертите како пример ја наведуваат Грузија каде возрасните кои пораснале во целосно стерилна средина за 80 % повеќе и почесто страдаат од разни болести, за разлика од оние кои живееле во поприродни услови.