„Ољга Козлова, 57-годишна блондинка со средна височина и недопустливо тенка половина (за своја возраст) седи во мал двособен стан на дрвена маса со бел чаршав. На другиот крај од масата има мал телевизор. Секогаш е вклучен. На дофат на раката има сирење (веројатно рокфор), миризлива свеќа и лаптоп. Тоа е мајка ми.
Од утро до доцна навечер таа работи во осигурителна компанија, во канцеларија, а дома ја гледа „Игра на тронови“. Сѐ уште ја нема одгледано последната сезона, но ги има прочитано сите спојлери и затоа негодува и бара од мене да ѝ препорачам некоја нова серија.
Можеби ‘Чернобил’?, ја прашувам, обидувајќи се да ја оттргнам од сирењето нашата хиперактивна хаска Лаки.
„Што има толку интересно во тој Припјат, а што не сум видела? Се сеќавам како вчера да беше кога отидовме таму по хаваријата…“
„Молам?? Каде си отишла?!“
„Ете, никогаш не слушаш што ти зборувам. Па, ти имам кажано!“
… И така Валериј Соловјов дознава дека во август, летото 1986 година, мајка му, тогаш 24-годишна, заедно со уште десетмина други туристи, илегално заминала на екскурзија во Чернобил додека биле на одмор во Украина. Знаеле за хаваријата, но не биле премногу загрижени. Не памети многу, за неа тогаш тоа било само еден обичен забавен одмор со друштво. Додуша, се сеќава дека цените биле евтини и дека на плажите имало табли со забрана за капење од 16 до 20 часот. „Поради радијацијата“, им објаснил тогаш водичот, но нивната загриженост кратко траела. Во Чернобил заминале солидно снабдени со вино и без никаква заштита, само со летна облека… Прочитајте ја целата приказна на „Руска реч“ (КЛИК).