Преку интернет до договор за филм (видео)

iron-skyНа крајот од Втората светска војна нацистите со летечки чинии бегаат на Месечината, од каде го планираат своето големо враќање на Земјата во 2018 година. Оваа приказна предизвика голем интерес на YouTube, бидејќи е претставена како трејлер за престојниот филм Iron Sky.


На крајот од Втората светска војна нацистите со летечки чинии бегаат на Месечината, од каде го планираат своето големо враќање на Земјата во 2018 година. Оваа приказна предизвика голем интерес на YouTube, бидејќи е претставена како трејлер за престојниот филм Iron Sky.

Подоцна се откри дека зад сето тоа стои група фински филмаџии кои Youtube и интернетот, како и многумина пред нив, го искористија за себепромоција. На тој начин најдоа луѓе подготвени да вложат во нивниот проект и нивниот филм навистина ќе заживее на големото платно.

Прочитајте и:  ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците

Филмаџиите го комплетираа буџетот на филмот во износ од 8,5 милиони долари, кастингот е речиси готов, а снимањето на филмот ќе започне во Австралија и Германија оваа есен. Погледнете го трејлерот кој од неговот поставување на Youtube до сега беше погледнат повеќе од 1,3 милиони пати. Вториот клип, кој излезе пред два месеци го означи почетокот на проектот откако беа собрани инвестии од 52 фанови кои привлечени од неверојатните визуелни ефекти на првиот трејлер решија да го поддржат реализирањето на овој проект.

{youtube}4KEueJnsu80{/youtube}
{youtube}DeAfoiN5SDw{/youtube}
[Space Nazi Trailers Draw Crowd Funding for Iron Sky]
- Реклама -