Преку 210.000 луѓе прославија 25 години EXIT Фестивал

„Ми кажаа дека ЕГЗИТ ги собира револуционерите во публиката и на бините”, изјави Том Морело, додавајќи дека 33 години го чекал овој момент, а него го чекавме и сите ние уште од првиот ден на Егзит, бидејќи токму „Рејџ Агенст Д Машин“ беше катализатор на настанувањето на најголемиот фестивал во регионов. Симболично, пред неговиот настап беше најавена големата прослава на 25 години на Егзит следната година, во која се враќаме во „State of EXIT“ – уметничката држава за излез и состојба на свест креирана заедно со милионите луѓе кои поминале низ капиите на Петроварадинската тврдина во претходните 24 години! Додека во понеделникот, со првите зраци на сонцето на Денс Арена, маестралниот сет на Блек Кофи го означи крајот на овогодишниот ЕГЗИТ, следува рекапитулација на петте дена исполнети со музика, енергија, љубов и најдобрата фестивалска авантура на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

- Реклама -