Постојат голем број луѓе кои не се фанови на плажите, од причина што истите знаат да бидат преполни и валкани.
Затоа, денеска претставуваме неколку затскриени плажи на кои можете да го пронајдете својот мир и да уживате скриени од мнозинството.
Погледнете ги:
Навагио, Закинтос, Грција
На неа има остатоци од потонат брод, а до плажата може да се пристигне исклучиво со брод, со оглед на тоа што карпите се претерано стмни. Ова е едно од најпознатите фотографирани места во Грција.
Лизард Ајленд, Австралија
Се наоѓа на 240 километри од Куинсленд. До неа може да се дојде само по вода. Опкружена е од корални гребени, во кои може да се нурне. Се наоѓа во област која е природен парк. На нејзината територија има 24 плажи, кои се чисти и мирни.
Kajос Гранде, Хондурас
Кајос Гранде е единствениот дел од островите Кајос Косинос што е отворен за туристи. Се наоѓа на територијата на вториот најголем корален гребен во светот – Месо -Американскиот корален гребен. Единственото одморалиште тука е Turtle Bay Eco Resort, кое има капацитет за сместување на 24 гости.
Санча Бич, Фернандо де Норонја, Бразил
Фернандо де Норонја е архипелаг кој никогаш не бил поврзан со копното наоколу. Има 21 остров. Плажата на заливот Санча Беј се смета за една од најубавите во Бразил, а сите знаеме дека таму конкуренцијата е силна.
Плажата на мајмуните, Тиоман, Малезија
Во поголемиот дел од годината тука е тивко и празно. Плажата е опкружена од дождовни шуми. До неа се доаѓа само со брод. Теоретски може да се дојде и по копно, но тоа значи да се помине низ џунглата, што не е добра идеја. Бреговите се опкружени со бели корални гребени.
Роктејл Беј, Јужна Африка
За да дојдете до тука, треба да промените неколку авиони. Тргнувате од Јоханесбург, слетувате во Ричардс Беј, потоа продолжувате со мал едномоторен авион до Куазули-Натал. Тука се наоѓа еден од најпознатите мирни хотели во светот – во него има само три бунгалови. Достапно е нуркањето, но во даден момент може да има само еден брод со нуркачи во океанот.
Вајт Сенди Бич, Тајланд
Ова место останало надвор од туристичката индустрија. По бреговите има корални гребени. Во внатрешноста на островите има џунгла во која можат да влезат само најхрабрите.
Каро Куебрада, Бразил
Ова место изгледа како цртеж. На плажата има само една атракција – бар, кој е сместен во едноставна дрвена зграда со покрив од палмови гранки.
Коломбиар Бич, Сент Бартс
Некогаш беше во сопственост на семејството Рокфелер и дури и денес ја нарекуваат Рокфелер Бич. Таа не е развиена. До плажата нема пат, па до неа може да се стигне со транзиција по козја патека или со чамец. Постојат многу мирни води и тука можете да се нурнете и да да уживате во водата, без да имате потреба од било какви посебни вештини на пливачи.
Навио, Порторико
Опкружена е од вулкански карпи. Најхрабрите се искачуваат по карпите и скокаат во водата. Тука сепак нема спасувачи, па добро пресметајте дали сте способни за вакви авантури.