Прекрасни вести за Ламбе кои не изненадија сите!

Популарниот поп-пејач Ламбе Алабаковски го доби најубавиот роденденски подарок – на денот на својот 27. роденден, во саботата, стана татко!

Неговата сопруга Магдалена се породи во приватната битолска болница „Плодност“, каде што го донесе на свет нивниот син. Михаил е прво дете за Ламбе и Магдалена, кои се венчаа лани, а прославија во еден битолски ресторан, откако претходно се венчаа во манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пред свадбата извесен период живееја во Америка, каде што веќе 14 години живее и работи семејството на Магдалена.

Среќниот татко ја објави веста на својот профил на „Фејсбук“. „Благодарам на сите за честитките за мојот роденден! Воедно уште една најрадосна вест – денес, пред неколку часа ми се роди син!“, напиша Ламбе.

Веста ја пренесува Утрински.

- Реклама -