Прекрасна куќа од само 7 квадратни метри!

Замислете да живеете на еден чекор од најголемите историски и романтични атракции во Италија. И тоа во куќа од 7 квадратни метри! Италијанскиот архитект и дизајнер Марко Пиераци видел голем потенцијал во една напуштена куќа во Рим и веднаш ја купил. Куќата е изградена во 18-тиот век, а последен пат кога некој живеел во неа биле 30-тите години на минатиот век.

Пиераци го ремонтирал имотот, а веднаш потоа почнал да го издава на пријатели. Ја нарекува „Најмалата куќа во Италија“. Куќата располага со се што е неопходно – мала кујна, бања, спална, телевизор и аудио систем.

Погледнете колку импресивно може да се уреди дури и еден ваков минимален простор.

к1 к2 к3 к4Трпезариската маса е вградена во ѕидот и работи на извлекување. Можат да седнат 3-4 лица.

к5 к6Веднаш по скалите, се стигнува до спалната соба. Креветот може да се прилагоди во тросед, за полесно гледање телевизија.

к7 к8Бањата е почиста и пофункционална од повеќето хотелски соби. Ништо полоша не е ни кујната.

к9

Со еден збор, прекрасно место за престој и вистински пример за ефикасно и естетско планирање, архитектура и дизајн.

- Реклама -