Моделот Container Guest House на компанијата Poteet Architects е уникатен по тоа што не се работи за вистинска куќа, туку стар контејнер за превоз, преобразен во дом. Конкретниов наш избор за денеска, се наоѓа во Сан Антонио, Тексас.
Стариот контејнер за превоз е преобразен, така што му се додадени лизгачки врати, прозорци и климатизација, а има дури и мала бања.
Куќата има заработено награда за дизајн во 2010 година од AIA San Antonio.