Преговорите меѓу Турција и Русија за изградба на гасоводот “Турски поток” се прекинати, изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак.
„Во моментов преговорите се прекинати. Во согласност со Уредбата на Владата е запрена работата на меѓувладината комисија за трговско-економска соработка, а во овој контекст е замрзната и работата на изготвување на договор за “Турски поток”, изјави Новак.