Зелениот чај за многумина е здрава замена за утринското кафе. Лицата кои редовно го пијат, знаат дека тој штити од грип речиси еднакво колку и вакцините, дека го ублажува стресот и уморот, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето од болести, го поттикнува слабеењето и ги топли масните наслаги.
Сепак и покрај сите добри страни, зелениот чај има и “темна страна”. Тој може да го попречи па дури и да го спречи дејството на лековите за хипертензија. Зелениот чај не смее да се меша со многу лекови и тоа токму затоа што содржи кофеин.
Токму затоа, пред да се одлучите да го пиете овој чај во комбинација со лекови, консултирајте се со вашиот доктор.