Ви здосадило ли вирусите едноставно да ви ги бришат фајловите или пак да ви го блокираат компјутерот? Ние имаме предллози за креативни електронски вируси.
ПОЛИТИЧКИ КОРЕКТЕН ВИРУС – Никогаш не се нарекува себеси “вирус“, туку “електронски микроорганизам“.
ПРАВО НА ЖИВОТ ВИРУС – Никогаш нема да ви дозволи да избришете некој фајл без разлика колку е стар. Ако повторно се обидете да го избришете фајлот, ви дава телефонски број на непрофитна организација.
АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ВИРУС – Се активира и останува резидентен. It’ll be back.
МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА ВИРУС – Ништо не функционира, ама секој програм за дијагноза на компјутерот ви јавува дека се е во ред.
БИРОКРАТСКИ ВИРУС – Ви го дели хард дискот на стотина мали делови, секој дел не прави апсолутно ништо, ама сите викаат дека се најважниот дел од вашиот систем.
ГРЦИЈА ВИРУС – Внимава секогаш да биде поголем од било кој друг фајл на компјутерот.
МАКЕДОНСКИ ПАРЛАМЕНТ ВИРУС – Компјутерот се блокира, екранот се дели на два дела на кои што пишува дека другата половина од екранот е виновна за проблемот.
АВИО КОМПАНИЈА ВИРУС – Вие сте во Скопје, а вашите податоци во Сингапур.
ЕЛВИС ВИРУС – Вашиот компјутер станува дебел, спор и мрзлив, потоа се самоуништува. По некое време на неактивност, ги заразува сите компјутери во продавниците за сувенири.
NIKE ВИРУС – Just does it.
STAR TREK ВИРУС: Го окупира вашиот систем и оди на места каде што ниеден вирус до сега не бил.
ФРОЈДОВСКИ ВИРУС – Вашиот компјутер очајно сака да се ожени за матичната плоча.