„Не сум носталгична личност“, вели фотографката од Албукерки – Адриен Салинџер. Иако без некаква посебна носталгија кон 90-тите, таа сé уште ја чува својата книга со фотографии наречена „In My Room: Teenagers in Their Bedrooms“.
Портретите беа наменети како револт против медиумското портретирање на адолесценцијата, против филмовите, телевизијата и магазините кои наметнуваа туѓи (претежно на возрасните) идеали врз американската младина.
Суштината на тинејџерската соба, објаснува таа, е што ги поразува сите класификации. Тинејџерската соба ги чува реликвиите од детството паралелно со алатките на зрелоста во подем; таа е временска капсула која константо се менува и е полна со непостојаности.