Следниот пат кога ќе треба да најдете нешто на интернет користете го пребарувачот searchkindly.org, кој не само што вам ќе ви помогне да стигнете до саканата цел, туку ќе им помогне и на сиромашните луѓе или загрозените животни. Вашето присуство значи повеќе пари од рекламите, а тие пари се трошат за добра цел. И вие самите може да гласате за една од понудените добротворни организации, па така да одлучите и каде точно ќе оди вашата помош.