Додека си честитавме и си делевме подароци и додека уживавме во нашите топли домови со семејствата за време на празниците, некои други семејства ги немаа тие основни услови да ја задржат насмевката на лицата на своите деца. Немаа да им подарат ниту едно чоколадо, а камо ли пак топлина помеѓу студените ѕидови на своите трошни домови. А верувајте, за жал – така е! Ретко кој мисли на тешката судбина на сиромавиот додека ужива во својот благодет, или што би рекле, ситиот на гладниот не му верува.
Токму заради тоа, тимот на една наша маркетинг агенција (My Marketing) одлучи празниците да ги помине со загрозените семејства, со оние на кои им е навистина потребна топлина и срдечност. Од Тетовско до Велешко, со Дедо Мраз и со по неколку пакетчиња под рака, посетија само мал дел од дечињата кои живеат “таму некаде“ каде ретко кој може да го чуе нивниот глас.
На фотките подолу ќе видите насмеани деца и скршени семејства. Насмевките се кратки и богати со детска радост, но бедотијата ќе продолжи… се додека ние седиме удобно во нашите топли домови, до следнитте празници.
А тие семејства? Тие деца? Што ќе прават тие до следните празници кога Дедо Мраз можеби нема да дојде?
Доколку сакате да им помогнете контактирајте го тимот на My Marketing info@mymarketing.com.mk.