Правилен избор на батерија за лаптоп

Батеријата е една од најважните компоненти од секој лаптоп.

Токму таа му ја дава потребната мобилност и слобода од која има потреба човекот во денешниот динамичен живот. Како сепак најбрзо и лесно да купиме нова батерија за нашиот лаптоп, без да мора да правиме обиколка низ градот и да губиме време?

Ако во моментот напишете на Google батерија за лаптоп ќе добиете над 3 милиони резултати.  Од една страна, присуството на толку голем избор е добро за секој кој има потреба од нова батерија за својот лаптоп, но, од друга страна, токму оваа разновидност може да создаде сериозна конфузија. Како да дознаеме што точно да купиме, од кого и што всушност треба да гледаме кога купуваме нова батерија за лаптопот?

Има неколку категории, кои треба да ги следите при избор на нова батерија за својот лаптоп компјутер:

код / број на батеријата, производител на вашиот лаптоп модел; хемиски состав; капацитет; цена; гаранција; услови за испорака.

Производ, број на батеријата, производител на вашиот лаптоп модел

Најважното што треба да го знаете кога сакате да купите нова батерија за вашиот лаптоп, е нејзиниот  број. Тоа е единствен број кој се однесува конкретно на овој тип батерија што го барате. Тој е сè што треба да знаете за да се пронајде соодведната батерија која ќе одговара на вашиот лаптоп. Кодот обично е напишан на внатрешната страна на батеријата (треба да се откачи од лаптопот, за да се види) и претставува комбинација од букви и бројки со различна должина. На второ место доаѓаат производителот на вашиот лаптоп, моделот и серијата. Откако ќе пронајдете даден артикл користејќи го кодот на батеријата, препорачливо е да обрнете внимание на производителот и моделот за кој станува збор. Пример: батерија со код 312-0625, која работи со лаптоп, произведен од компанијата Dell, модел Inspiron серија 1545.

Хемиски состав

Повеќето модерни лаптопи користат литиум-јонска батерија (Li-ion). До моментов речиси и да нема начин да најдете лаптоп со батерии, базирани на застарената никел-металхидридна технологија (NiMH). Сепак не е излишно, кога нарачувате нова батерија за вашиот лаптоп, да обрнете внимание на тоа каков тип е старата.

Капацитет

Капацитетот на батеријата ја одредува големината на „нејзиниот резервоар”. Колку поголем е капацитетот на некоја батерија, толку повеќе време ќе работи лаптопот со неа. Капацитетот на батериите се мери во ампери. Најчесто се користи за единица милиамперчаса (mAh) или ватчаса (Wh). Имајте на ум дека 1000 mAh е исто како 1 Ah. Кога купувате батерија, треба да процените какви се вашите потреби. Ако лаптопот има висока потрошувачка на енергија, го користите често надвор од канцеларија / дома и тоа во просек со високо оптоварување, тогаш најдобро е да си обезбедите батерија со висок капацитет. Ако сепак го користите вашиот лаптоп главно за работа од дома или на бирото во канцеларијата, тогаш и батерија со помал капацитет би ви завршила добра работа.

Напон

Напонот е уште параметар кој треба да се има предвид кога сакате да купите нова батерија за вашиот лаптоп . Над 90% од расположливите преносни компјутери во моментов работат со напон во рамките на 7.2V до 14.8V. Важно е да се провери каков е конкретното напонот  за кој сакате да купите нова батерија. Тоа секогаш е забележано на самата батерија. Не е проблем ако има мала разлика. На пример, ако лаптопот ви работи на 10.8V, да користите батерија со 11.1V – тоа е практично иста батерија. Никако не е препорачливо сепак да се обидувате да користите 7.2V батерии со лаптоп кој стандардно работи на 14.8V или обратно.

Клетки

Бројот на клетките е важен поради неколку причини. На прво место колку повеќе клетки содржи една батерија, толку поголем е нејзиниот капацитет. На второ место доаѓа и тежината – батериите со повеќе клетки се потешки. Стандардно, повеќето батерии имаат 6 клетки. Ако сакате сепак да го користите подолго својот лаптоп компјутер, без да го полните, треба да се разгледа варијанта со 9 или 12 клетки. Но тоа ќе се одрази како на гравитацијата, така и на цената на новата батерија.

Гаранција

Гаранцијата е друга важна компонента која треба да се има предвид при купувањето. Осигурајте се дека трговецот од кој планирате да ја купите својата нова батерија обезбедува минимум 12 месеци гаранција, а исто така може да гарантира дека капацитетот напишан на батеријата одговара на реалниот. За прифатлива се смета разлика не поголема од 2-3%. Значи, ако купувате батерија од 4400mAh, трговецот треба да се осигура дека таа не е помалку од околу 4300mAh.

- Реклама -