Сите ние сакаме да го импресионираме партнерот на првиот состанок и да го изненадиме со внимателно одбраното место или со нешто друго. Сепак, постојат некои работи кои се стандардни кога е првиот состанок во прашање.
1. Тој поканува
Иако денес постојат огромен број жени на кои немаат проблем да превземат иницијатива по ова прашање се уште важи правилото дека мажот е оној кој би требало прв да ве повика.
2. Тој бира место
Едноставно е. Доколку на првите неколку состаноци мажот е оној кој го препушта на вас изборот на место, ризикува да остави лош впечаток.
3. Тој плаќа
Тоа не е спонзорирање, ниту пак значи дека тој е лошо момче доколку не се понуди да плати. Сепак, не би било лошо барем на првиот состанок да се обиде да остави впечаток на вистински џентлмен.
4. Бакнеж
Одлуката за тоа каде и кога ќе се случи првиот бакнеж исто така би требало да му припадне нему. Иако повеќето момчиња го чекаат самиот крај на состанокот за овој чекор, сепак жените откриле дека неочекуваните бакнежи им се многу послатки.
5. Секс на првиот состанок
Не! Колку и да имате модерни и слободоумни сфаќања и вие и вашиот партнер, некои работи едноставно остануваат поинтересни доколку ги оставите за малку подоцна.