Македонски правила за паркирање

Иако овој знак во подземната гаража под ГТЦ е своевидна ризница на лингвистички аномалии, сепак на одредени делови мора да им се посвети особено внимание.

– Прво треба да отидете на работа за оттаму да го исклучите возилото?

– Не треба да фрлате разни отпадоци туку точно одредени?

– Зарем во случај на пожар дежурниот нема да забележи дека има пожар?

– Зарем е толку лесно да се прилагоди висината на возилата и тоа непосредно пред влегување во гаражата?

- Реклама -