Однесувањето на пратениците е различно кога се присутни и кога не се присутни медиумите. Пред камерите и микрофоните, некои од нив знаат и да се изгубат, рече претседателот на Собранието – Талат Џафери, на неформалната средба со претставници на медиумите пред седницата за пратенички прашања закажана за попладнево, коментирајќи ја вчерашната ситуација кога му го исклучи микрофонот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев додека тој зборуваше за Курто Дудуш.
„Ги обзема камерата и се губат. Им зборуваш, ама не слушаат, па мора да ги исклучам“, рече Џафери.
https://www.facebook.com/Press24mk/videos/390568171573247/