Јулијана Николовска – пратеничка на ЛДП, која е дел од владејачката коалиција, најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на мapиxуаната за општа употреба. Со други зборови, легализација не само на мacлото од кaнaбиc за медицински цели, туку и легализација на мapихуаната за рекреативна употреба.
Ако се изгласа законот, земјава нема да биде првата што ја легализирала општата употреба, иако такви ги нема многу. Сепак, многу повеќе е спорен тајмингот во кој е најавена иницијативата – во екот на критики и повици за оставка кон пратеникот Павле Богоевски, кој тврди дека во неговиот телефонски разговор (снимен од возачот додека се возел во такси) договара набавка на масло за негова блиска личност, а не коkaин.
Според Николовска, тајмингот нема поврзаност со случувањата околу пратеникот Богоевски, туку се работи за иницијатива на која тие работеле неколку месеци во соработка со неколку амбасади, како и здружението „БИЛКА“.
Што се однесува до снимката, Николовска вели дека работа на пoлициjaта е да утврди дали е автентична, а што се однесува до самиот Богоевски, таа остава на пратеникот да реши дали треба да понесе одговорност.