ПРАШИНСКИ ГРИНИ И НИВНА КОНТРОЛА

Што се прашински грини ?

Прашинските грини се микроскопски штетници, слични на инсекти кои живеат во постелнина , душеци, тапациран мебел , теписи или завеси во домовите, болниците, хотелите и сите установи кои имаат сместувачки капацитет. Утврдено е дека може да се најдат низ целиот свет.

Прашинските грини се многу мали, скоро невидливи за око, под микроскоп изгледаат како бели бубачки. Тие се со должина од околу 0,2 до 0,3 мм. Имаат осум нозе , како пајаци, крлежи и други членови на семејството на арахнидите. Прашинските грини исто така се многу чести , повеќето душеци за домаќинства содржат околу 2 милиони од нив.

Што јадат грините ?

Грините од куќна прашина се хранат со остатоци од мртва кожа ,полен , габи, бактерии. Не пијат вода , но апсорбираат вода од воздухот и околината.
Душеците се идеално опкружување за грини во прашина, бидејќи човековата пот ја зголемува влажноста на душекот и служи како постојано обновувачки извор на храна. Во душекот освен остатоци од мртва кожа може да се најдат остатоци од храна , коса, вируси, бактерии , габи. Сето тоа овозможува грините подобро да се хранат и побрзо да се размножуваат.

Прашински грини и здравствени проблеми

За разлика од други форми на паразити ,прашинските грини не гризаат и самите по себе не се алергени , но нивните остатоци и измет содржат протеини кои се предизвикувачи на алергиски реакции , поготово кај почувствителните луѓе.
Според Американската асоцијација за белодробни заболувања, изложеноста од грини кои се наоѓаат во прашината може да предизвика дури и астма. Постојаната исложеност на овие грини може да има драматично влијание врз вашето здравје. Алергените од овој тип може да предизвикаат иритација на имунолошкиот систем , познат како алергиски ритинис.
Симптомите на алергија на прашински грини вклучуваат течење на нос, насолзени очи и кивање. Во потешки случаеви може да резултира со кашлица , атопичен дерматитис и сериозни напади на астма. Прашинските грини кои се наоѓаат во душеците , перниците ,постелнината се едни од главните причинителни за појава на егзема. Постојат над 23 познати и одделни алергени од грини кои се наоѓаат во куќна прашина ,повеќето од нив се ензими. Прашинските грини, по поленот се најголемите предизвикувачи на алергиски реакции.

Како да се ослободите од прашински грини

Со оглед на тоа што прашинските грини многу брзо се размножуваат и во еден животен век грината лежи 20 до 80 јајца,а секојдневно оставаат по 20 остатоци и измет , процесот на нивно истребување не е воопшто лесен доколку не ја одберете вистинската метода.

Постојат неколку традиционални методи кои вклучуваат : навремена редовна замена на душеци, перници, постелнина ; често изложување на истите на сончева светлина ; често перење на постелнината на минимум 60 степени и регулирање на влагата во воздухот.

Современите методи се поедноставни и поекономични. Тие вклучуваат специјални правосмукалки и антиалергенски адитиви за перење. За предметите како што е душекот ,кој не можете да го перете ,постојат уреди кои користат научно докажана УВ-Ц технологија која ефикасно и брзо ,на начин најбезбеден за околината и природата ги уништува прашинските грини како и бактериите и вирусите кои се наоѓаат во душеците. Кај нас овој нов , единствен и најсовремен метод на чистење и дезинфекција го нуди компанијата Clean Max. Сервисот се препорачува на секои 6 месеци.

- Реклама -