Прашалник: Црвена крв, а сини вени

Кога светлината ќе допре до човековото ткиво, таа се распрскува на сите страни низ ќелиите и останатите структури. Тоа светло е или апсорбирано во ткивото или исчезнува низ површината на кожата.

Светлото кое исчезнува низ површината на кожата, или се рефлектира или можеме да го видиме со голо око.

imagesКрвта обично е црвена поради хемоглобинот, протеинот кој е задолжен за носење на кислород во црвените крвни зрнца, а кој апсорбира многу сино светло и рефлектира многу црвено светло. Сетете се кога некој ќе „поплави“ во луцето, тоа значи дека во неговиот организам нема доволно кислород.

Вените за разлика од артериите, носат деоксигенизирана крв, која во ткивото околу вените апсорбира многу повеќе црвено светло од крвта богата со кислород.

Колку повеќе се апсорбира црвеното светло, толку помалку го гледаме.

Вените изгледаат како сини бидејќи носат деоксигенизирана крвimages (1)

Длабоките вени изгледаат како сини поради деоксигенизираната крв која ја содржат, а која рефлектира помалку црвено светло од останатите ткива.

Така се креира оптичка илузија.

- Реклама -