Прашајте го „чичко“ Гугл за помош во одлуката за нов смартфон

Гугл неодамна го пушти веб-сајтот „Which Phonе“.

Како што кажува самото име, сајтот дава предлози за телефони за неодлучните корисници според критериумите кои тие самите ги внесуваат.

На самиот почеток Which Phone ќе ви побара да внесете минимум три најважни работи што ги барате кај вашиот иден телефон, од квалитетот на камерата, карактеристиките на телефонот поврзани со гледањето видеа, слушањето музика и слично, па сè до изразувањето на вашиот стил.

 

Откако ќе ги одберете најважните работи, Which Phone ќе ви постави дополнителни прашања од одбрани категории, па потоа ќе ви предложи модел на телефон за кој тој смета дека е вистински избор за вас.

Изгледа идеално, но голем пропуст е тоа што немате можност да одберете со колкав буџет располагате. Плус, секако, во фокусот се најновите и најмоќните телефони на пазарот, а разликата помеѓу нив е минимална, па ако не сте внимателни, може да наседнете на поскап модел, кој секогаш ќе ви биде понуден прв наместо поевтиниот.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Ако сте неодлучни околу тоа кој да биде вашиот следен смарт телефон, а притоа знаете дека тоа сигурно ќе биде андроид, Which Phone е добра почетна точка за да дознаете каков модел ќе ви одговара најмногу според вашите потреби. Со неколку збора, веб-сајтот си ја врши работата.

- Реклама -