Прашај мудрец

Четири досетливи и мудри одговори на секојдневни проблеми од пишаните сведоштва.

Да се ​​женам или не?

Богат младич се приближил до еден монах кој стоел на градскиот плоштад. Тој ставил златник во раката на монахот и прашал:

– Почитуван, потребен ми е вашиот совет. Многу ми се допаѓа една девојка. Но од неодамна многу се измачувам, бидејќи не знам што да правам – да се оженам ли за неа или не …
– Не. Не се жени! – веднаш одговорил старецот.
– Но, зошто?
– Ако навистина сакаше да се ожениш за неа, воопшто немаше да прашуваш.

Lisa Gant and Alex Pelling (of 2people1life.com) enjoy their 41st wedding in the west of Ireland, in the stunning surrounds of The Lodge At Doonbeg, Co. Clare Ireland. Poppiesandme caputure the day, which was organised by Lindsay Moynagh of flyawaybride.com helped by a team of the best of Irish vendors upstylejunkie.com, cloudberrybakery.com, kerrymakeupartist.com, farrellandchase.com, wild.ie.

Турист

Еден странски турист посетил познат мудрец во неговиот дом. Таму тој со воодушевување открил дека живеалиштето на мудриот човек се состои само од една соба полна со книги, а единствениот мебел во домот му биле една маса и дрвена клупа.
– Но, каде е твојата покуќнина, мебелот …? – прашал туристот.
– А каде е твојата?
– Но, јас само минувам оттука! Јас сум турист …
– Јас, исто така. – одговорил мудрецот.

001-wise-men

Вистинската љубов

Една девојка го запрашала својот учител:
– Како да разликувам вистинска љубов од лажна?
– Многу едноставно – одговорил тој. – “… Бидејќи сакам!” – ова е вистинска љубов. “Сакам, бидејќи …” – ова е лажна.

true_love_by_maril1-d5egoa6

Човекот

Еднаш го прашале Далај Лама што го восхитува најмногу од сè.
– Човекот! – Одговорил тој. – Најнапред го жртвува своето здравје, за да направи пари. Потоа ги троши овие пари за обновување на здравјето. Целото ова време тој толку се грижи за својата иднина, што никогаш не и се насладува на сегашноста. Како резултат на тоа не живее ни во сегашноста, ниту во иднината. Освен тоа човекот живее така како никогаш да не ќе умре, а кога умира жали за тоа што не живеел.

images

- Реклама -