„И оваа академска година ја започнуваме со квалитетна програма којашто нуди практични знаења и вештини кои акумулираат искуства од веќе високо успешни и профитабилни бизнис средини. Преку програмите во Скопје, наша цел е да понудиме светски пристап во едукација и пракса при студирањето, да ја унапредиме бизнис заедницата и да создадеме кадар кој успешно ќе функционира на конкурентскиот пазар“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.
Академија за Менаџери викендов ги започна предавањата од новата академска година 2013-2014. Дел од редовните програми на постдипломско ниво се и четириесетте кандидати избрани на јавниот конкурс кои ги добија стипендиите од Министерството за образование и наука.
„И оваа академска година ја започнуваме со квалитетна програма којашто нуди практични знаења и вештини кои акумулираат искуства од веќе високо успешни и профитабилни бизнис средини. Преку програмите во Скопје, наша цел е да понудиме светски пристап во едукација и пракса при студирањето, да ја унапредиме бизнис заедницата и да создадеме кадар кој успешно ќе функционира на конкурентскиот пазар“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.
За оваа академска година предвидени се 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. Во текот на декември ќе се одржи викенд предавањето од модулот „Модерни финансиски пазариинституции и инструменти” кој се заснова на напредна анализа на улогата и структурата на финансиските пазари и институции. Модулот „Развој на меѓународно пазарно искуство“ кој ќе се одржи во јануари, се концентрира на прашања кои произлегуваат во текот на формулацијата на меѓународната маркетинг стратегија на една организација. Модулот ќе се фокусира на развој на маркетинг планови за странски земји со цел да се постигне одржлива конкурентна предност на меѓународниот пазар.
Постдипломските програми кои се спроведуваат во Скопје имаат свои предности во поглед на флексибилноста и финансиска поволност за добивање на диплома од еден од најдобрите универзитети во светот. „Академијата за Менаџери досега ја посетиле над 200 учесници кои се стекнале со квалификација од Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет – СИТИ Колеџ. Да се биде дел од големото семејство на Универзитетот Шефилд е привилегија и голема придобивка пред се за Македонија, каде цените за изучување на модулите се приспособени за македонскиот пазар, додаде Никовска.