Практичен начин за создавање наметка за невидливост

метаматеријалиНов метод за печатење би можел да овозможи создавање на големи листови од метаматеријали, нова класа на материјали дизајнирани за интеракција со светлината на начин на кој ниту еден природен материјал не може.

Неколку години истражувачите кои работат на овие материјали ветуваат наметки за невидливост, „суперлеќи“ со ултрависока резолуција, и други егзотични оптички направи излезени од научната фантастика и фикцијата. Но материјалите биле ограничени на мали лабораториски демонстрации бидејќи не постоел начин за создавање доволно големи количини за демонстрација на практична направа.

„Секој бил, најверојатно поволно за него, во положба да не може да создаде доволно метаматеријал за да создаде било што“ вели Џон Роџерс, професор по наука на материјали и инженерство од Универзитетот од Илиноис во Урбана-Шампејн, кој го создал новиот метод за печатење. Метаматеријали кои имаат взаемен однос со видливата светлина претходно биле направени во многу мали парчиња – околу стотина микрометри.
 
Метаматријалите се составени од слоеви со комплицирани шаблони, најчесто од метали. Шаблоните мораат да имаат ист размер како и брановата должина на светлината со која треба да имаат интеракција. Во случајот на видливата и светлината близу до инфрацрвената светлина, ова значи елементи со наноразмер.

Роџерс развил метод за печатење кој ќе овозможи генерирање на големи парчиња од еден од најветувачките типови на метаматеријали, кој може да ја искриви близу-инфрацрвената светлина во „погрешна“ насока кога ќе помине низ него. Материјалите со овој таканаречен негативен индекс на рефракција ветуваат многу во создавањето на суперлеќи, ноќни наметки за невидливост и софистицирани брановоди за телекомуникациски потреби.

Тој вели дека користејќи  го методот успеал да создаде материјали широки по неколку сантмиетри, но вели дека со користење на повеќе од еден печат очекува да создаде квадрат со страни од по 30 сантиметри. Роџерс додава и дека печатените материјали имаат подобри оптички својства од метаматеријалите создадени со традиционалните методи.

„Сега можеме да создаваме џиновски плочи“ додава тој. За создавање на калапот за печатот е потребно внимание, но штом е готов калапот, за кусо време можеме да создадеме голем број печати за повеќе употреби. Ксиан Жанг, претседател на катедрата за механичко инженерство од Универзитетот од Калифорнија во Беркли, вели дека работата на Роџерс претставува важен чекор кон апликации за оптички метаматеријали. Според Жанг, кој во 2008 година го создал дизајнот кој Роџерс го користел за првата демонстрација изјавил: „Различни метаматеријали би можеле да бидат направени со користењето на овој метод. На пример, 2D леќи со макроразмер и наметки би биле возможни, а можеби и сончеви концентратори исто така.“ [A practical way to make invisibility cloaks]

- Реклама -