Со „Артемис 3“, се планирано повторно слетување на Месечината, за прв пат по мисијата „Аполо 17“ во 1972 година, и според сегашниот план тоа ќе се случиво 2026 година.
Оделото наречено „Axiom Extravehicular Mobility Unit“ (AxEMU), претставено на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано, е комбинација од висока функционалност и естетика, бидејќи мора да се справи со предизвикувачките услови на Месечината.
Вселенските одела се направени да издржат екстремни температури на јужниот пол на Месечината и најниски температури во постојано темните области најмалку два часа, се вели во заедничката изјава на двете компании.
Астронаутите ќе можат да вршат прошетки во вселената најмалку осум часа.
„Станува збор за навистина екстремен инженеринг, фантастични производствени способности и иновации. Затоа сум горд што се поврзавме со Прада. Иновациите не доаѓаат кога имате тим каде што сите се исти. Тешко е да се биде иновативен кога сите имаат исто образование и искуство. Иновацијата се случува кога ќе соберете различни тимови со различно потекло и различни вештини“ рече претседателот на „Аксиом Спејс“, Мет Ондлер.
„Во однос на дизајнот, мислам дека пред се, како и кај овој тип на проекти, функционалноста е правило број еден… Доколку имате две подеднакво валидни опции на маса, тогаш одлучуваме за стилот… Тоа беше, на некој начин, добра вежба за нашиот дизајнерски тим да започне со функционалност, а потоа оделото да изгледа добро“, вели главниот маркетинг директор на Прада, Лоренцо Бертели.
AxEMU веќе беше подложен на опсежни тестирања, вклучително и под вода, за симулирање на лунарната средина и се приближува кон последната фаза на развој, велат двете компании.
Како што се развива вселенската и туристичката индустрија, луксузните брендови истражуваат можни партнерства.
Минатиот месец, француската модна куќа „Пјер Карден“ претстави одело за обука на астронаути што ќе се користи во центарот на Европската вселенска агенција во Келн.
Хотелската група Хилтон работи со Voyager Space за дизајнирање и развој на апартмани за екипажот на планираната комерцијална вселенска станица Starlab.