Прашана дали минатата недела се сретнале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, пратеничката од Независната пратеничка група – Емилија Александрова, во емисијата „10 минути“ на „ТВ21“, рече дека остваруваат средби со сите фактори, вклучително и со опозицијата.
Прашана за евентуално повторно вклучување во партијата, Александрова, во свое лично име, одговори дека „сите разговори вредат“, но потсети и дека и самиот Мицкоски во една прилика порача нешто во стилот „никогаш не вели никогаш“, односно дека „би бил несериозен ако ја отфрли можноста“ за враќање на овие пратеници во партијата.
„Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, би бил несериозен ако речам дека тоа не е можно“, рече тогаш Мицкоски. Целосната изјава на Александрова погледнете ја ТУКА.