Кога двајца комичари ќе ги здружат силите може да се очекуваат урнебесни работи или во случајот на Конан О’Брајан и Челси Хендлер – голотија.
Овој скеч беше прикажан на почетокот на емисијата „Chelsea Lately” и беше верен на препознатливиот безобразен стил на водителката.
Челси влегува во туш кабината во телевизиската куќа во која работи, но ќе ѝ упадне колегата Конан О’Брајан сосема гол. Кога Челзи зачудено ќе го праша од каде тој кај неа, Конан одговара:
„Ова е мое студио. Ти ми го украде. Се сеќаваш? Сѐ уште имам клуч. А и тука има најдобар притисок на водата во цел Лос Анџелес“.
Црвенокосиот водител од колешката си го бара и паркинг просторот и омилениот масажер за грб, на што Челси одговара „Го користам ама не знаев дека е за грб“.
Конан потоа бара од Челси да се однесува како машко, на што таа му одговара “„Јас сум женско“, а Конан го спушта погледот и вели „Дискутабилно“.
http://youtu.be/UoZxfY_Lx50