Актерите Пирс Броснан и Овен Вилсон на сетот за време на снимањето на новиот филм за малку можеле да ги загубат своите животи!
Пирс Броснан и Овен Вилсон заедно снимаат нов филм ‘The Coup’, а за време на снимањето на сетот избило пожар. Познатите актери едвај излегле живи од зградата што горела.
Сцената која ја снимале во тој момент во тајландскиот град Лампанг вклучува користење на воздушни пиштоли наполнети со прашина и прљавштина, но не и експлозија, ветер и пиротехника, стои во соопштението.
Затоа, полицијата сепак смета дека пожарот настанал како резултат на специјалните ефекти.
Всушност, пожарот избувнал во дуќан на сетот кој бил направен за потребите на снимањето, а според сведоците, актерите истрчале од зградата во последен момент.