Тешко е денес да се замисли некој да не користи компјутер или лаптоп, особено ако зборуваме за некој што многу пишува, било да е писател или сценарист. Ама…
Меѓу денешните светски познати автори има многу такви што одбиваат да пишуваат на компјутер, и наместо тоа куцаат на машини за пишување или… *тензична хорор музика*… рачно.
1. КВЕНТИН ТАРАНТИНО
Дека Тарантино сам си ги пишува сценаријата знаат сите. Тоа што многумината не го знаат, е дека пишува рачно, со пенкало. Во интервју за Ројтерс, рече:
„Мојот ритуал е – никогаш не користам машина за пишување или компјутер. Пишувам сé рачно. Тоа ми е церемонија. Одам до книжара и купувам тетратка – и не купувам, као, 10. Купувам само една и после ја испишувам. Потоа купувам купче црвени и купче црни пенкала и сум као ‘Ова се пенкалата со кои ќе го напишам Grindhouse’.“
2. ЏОРЏ Р. Р. МАРТИН
Можеби фановите на Game of Thrones не знаат зошто толку долго му треба на Мартин да ги напише неговите книги, ама овој факт може да помогне; сé пишува во стар ворд процесор. Во пост од 2011 на неговиот LiveJournal профил, Џорџ Мартин напиша вака:
„Да, користам компјутер веќе 20 години, ама додека крстарам по ова испомрежено нешто со PC и Windows, уште пишувам сé на стара DOS машина во WordStar 4.0, ‘Дусенберг’-от (Дусенберг е стар американски производител на луксузни автомобили) на софтверот за процесирање на зборови (многу стар, ама ненадминат)“.
3. ЏОЈС КЕРОЛ ОУТС
Плодната писателка на книги како Blonde and them, Оутс преферира сé да пишува со рака, и по 8 часа дневно. Во интервју за Salon, рече вака:
„Зошто е ова толку необично? Па до релативно скоро, сите писатели пишуваа на рака. Пишувањето е последица од мислењето, планирањето, сонувањето – тоа е процесот кој резултира со пишување, а не начинот на кој се случува пишувањето“.
4. НИЛ ГАЈМАН
Гајман пишува сé и сешто. Но своите сценарија ги пишува на компјутер, а своите новели на рака.
„За новелите, го сакам целото тоа чувство при првиот и вториот ‘драфт’ (first draft е фазата на формирање на груба структура на новелата, додека вториот ‘драфт’ – фазата на ревизија и финеси, но не и крајна фаза), а и самиот чин на валкање на хартијата“, рече во интервју за TimeOut.
5. ЕЈМИ ТАН
Тан преферира да ги пишува раните фази од нејзините дела рачно. На крајот сé пишува на компјутер, но го сака чинот на физичко пишување.
„Пишувањето на рака ми помага да останам отворена до сите тие деликатни околности, сите тие детали што додаваат кон вистината“, рече во интервју за Atlantic.
6. ТОМ ВОЛФ
Волф е олдскул. Тој е прославен автор на книги како The Bonfire of the Vanities, и сака да користи машина за пишување, но морал да ја допише неговата новела Back to Blood (од 2012 година) рачно. Во интервју за NPR, рече:
„Не можеш денес да пишуваш со машина за пишување – ужасна потрага е таа кога ќе се расипе и ти требаат резервни делови“.
7. ЏОРЏ КЛУНИ
Клуни е актерски, режисерски и писателски мултиталент, ама не го бива баш многу со технологиите. За време на една AMA (Ask me Anything) сесија на Reddit, тој призна дека пишува сé на рака, а потоа неговиот продуцентски и пишувачки партнер – Грант Хеслов, ги пишува сценаријата на компјутер.
„Веројатно сум најмалку компјутерски-писмениот писател што постои… Кога правам cut and paste, буквално ги сечам страните и ги лепам заедно. Но некако ни успева“.
8. ДАНИЕЛЕ СТИЛ
Пишува романтични новели и во моментов е најпродаваниот жив автор (не тврдиме дека е најдобра). Таа си има свој марифет – пишува на машина за пишување модел Olympia од 1946 година, во 20-часовни смени.
„Има луѓе што ќе се појават фино скоцкани и облечени и работат од 9 наутро до 1 попладне. Јас не можам така. Некогаш не излегувам од дома по две-три недели“.
9. ЏУМПА ЛАХИРИ
Добитничката на Пулицер вели дека пишува подобро кога ги пишува книгите со пенкало и рачно. Кога на крајот веќе мора да ја искуца својата проза во дигитална форма, тоа го прави на компјутер без Интернет.
„Не пишувам стриктно на рака, но мислам дека се чувствувам послободно кога пишувам рачно. Всушност, знам дека така се чувствувам. Пишувам во ниедно време. Имам лаптоп до креветот. Ми доаѓаат многу идеи, а ги запишувам рачно“.
10. ПИ-ЏЕЈ О’РУРК
Политичкиот сатиричар О’Рурк вели дека не е лудит (човек што е противник на индустријализација и нова технологија), но кога е во прашање пишувањето, тоа што го прави не соодветствува со кажаното. Тој е исто така еден од тие што користат машини за пишување. О’Рурк, конкретно, користи модел Selectric.