Познати сите учесници на кошаркарската завршница на ЛОИ 2024

Репрезентацијата на Порторико ноќеска во Сан Хуан ја победи Литванија со резултат 79:68 и обезбеди учество на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз 2024.

Покрај Порторико, на другите три квалификациски турнири, учество на ЛОИ 2024 обезбедија и репрезентациите на Шпанија, Грција и Бразил, селекцијата на Хрватска остана без учество на ова натпреварување. Квалификациските турнири се одржаа во Шпанија, Летонија, Грција и Порторико.
Резултати на финалните средби:
Бразил – Летонија 94:69Грција – Хрватска 80:69Шпанија – Бахами 86:78Литванија – Порторико 68:79
Покрај овие репрезентации, виза за Париз претходно обезбедија и селекциите на Австралија, Јапонија, Канада, Јужен Судан, Србија, САД, Германија (актуелен светски шампион) и Франција (домаќин на Игрите).

Извор