Во Скопје, нес-кафето ќе го платите 120, а во Богданци 20 денари. E па, исто е и во светот.
Како што е тоа случај со цените од едниот до другиот крај на нашава мала земја, така е и со цените на глобално ниво. На пример, iPhone 6 во САД ќе купите за 650 долари, а во Бразил ќе го платите дупло повеќе – 1254 долари!
Од друга страна, пак, Париз, Сингапур и Њујорк се изгор скапи кога се работи за кригла пиво.
Овие податоци се дел од годишната анализа на Deutsche Bank, која ја истражува куповната моќ ширум светот. Според извештајот, најскапа земја во светот и официјално е Австралија. Најевтина пак, барем од оние развиените, се Соединетите Американски Држави.
Еве и некои други статистики: