Познати книги, кои не биле обожувани од сопствените автори

Пишувањето на романи дефинитивно не е лесна задача.

Некои автори кои создаваат бестселери, често имаат измешани чувства во врска со својата работа, но и покрај тоа се стремат да го популаризираат своето дело.

Други ја создаваат саканата книга и потоа се принудени да даваат интервјуа и да го коментираат делото, кое што никако не им е пријатно. Ви претставуваме неколку автори на познати и омилени дела кои не биле особено возбудени кога станувало збор за нивната книга.

Ентони Бурџис – „Пеколен портокал“

Pekolen_portokal

Неговата книга подоцна добива култна филмска преработка, во режија на Стенли Кјубрик. Книгата на Ентони ја отсликува иднината на Велика Британија исполнета со големо насилство. На самиот Бурџис не му се допаѓа она во кое што се претворила книгата, тврдејќи дека ја напишал само за 3 седмици. Освен тоа не му се допаѓа ни фактот што општеството го прифаќа делото како поддршка на насилството, а тоа не била неговата намера.

Иан Флеминг – „Шпионот кој ме сакаше“

spywholovedbook

Флеминг ја сметал својата работа за неуспех и добивал претежно негативни коментари. Додека Флеминг бил жив книгата не била читана, но по неговата смрт популарната приказна за агентот 007, добива нов живот.

Франц Кафка – „Метаморфозис“

1152

Во „Метаморфозис“ Кафка раскажува за човек кој се буди и гледа дека се претворил во огромен инсект. Книгата е колку заслепувачка, толку и загрижувачка. Франц толку многу ги мразел своите дела што посакувал неговиот пријател да ги изгори сите по неговата смрт. Неговиот пријател, сепак одлучил да ги објави – за среќа…

Стивен Кинг – „Гнев“

Ragebachman

Содржината на „Гнев“ добива негативи критики не само од општеството, туку и од самиот Кинг. Тој ја пишува книгата, кога има едвај 17 години, но истата е отпечатена години потоа. Делото раскажува за студент кој влегува на час по алгебра, го убива својот учител и држи соученици за заложници. Откако тоа всушност реално се случи во училиште во Колорадо, Кинг посакал да ја отстрани книгата, бидејќи верувал дека таа го инспирирала овој случај. „Гнев“ е една од ретките книги кои Кинг ги објавил со вистинското име – Ричард Бакман.

Ален Милн – „Мечо Пух“

winnie-the-pooh

Милн е автор на научна фантастика за возрасни, но приказните за Мечо Пух кои тој ги измислува за својот син, му носат огромен успех. Расказите покажаа што би правеле кадифените животни на момчето, ако беа живи. Пред „Мечо Пух“, Милно пишува 7 драми и 25 романи, но сите ќе го паметат (за негово разочарување) само по приказните за мекиот херој.

Алан Мур – „В за одмазда“

vendeta-vnatre

Мур си создава многу проблеми со издавачите од “ДС Стрип”. Ужасните проблеми  ќе го натераат самиот да замрази еден од најчитаните стрипови – „Ви фор Вендета“. Мур сака да биле единствениот носител на авторското право на делото што фирмата му го ветува, но нема намера да го исполни.

Курт Вонегат – „Појадок за шампиони“

kniga (8)

Вонегат никогаш не добива високи оценки на книги. Највисоката сепак ја добива за „Појадок за шампиони“, која нему лично не му се допаѓа.

- Реклама -