Во досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај с. Ласкарци, пренесува „Алсат“. Утврдена е и брзината со која автобусот се движел непосредно пред несреќата – 80 до 85 километри на час.
Досега во игра беа разни можни причини, како пукната гума, некаков друг технички дефект, влошена здравствена состојба на возачот, или пак негово невнимание од разни други причини (користење телефон, пиење вода и сл.).
Меѓутоа, како што пишува „Нова Македонија“, нивното новинарско истражување, во соработка со очевидци и пред сè сообраќајни експерти, ги елиминира сите овие причини. Наместо тоа, „трагите“ сугерираат на една нова верзија, според која автобусот со голема брзина се движел по десната лента, а излетал при претекнување на автомобил во атарот на селото Ласкарци.
Повеќе на „Нова Македонија“.