Пожарникарот што прв влезе во автобусот кај Ласкарци: Никогаш нема да ја заборавам сликата кога ја вклучив ламбата

Тринаесетти февруари 2019 година, 16 и 40 часот, ден среда. Тишината во Противпожарната станица во Ѓорче Петров ја прекинува телефонски повик на 193. Се преврте автобус полн со патници на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Ласкарци.

Пожарникарите што се на смена за помалку од минута се подготвени и веќе се на пат. Ја вклучуваат сирената и со две возила се упатуваат кон местото на несреќата. Уште две возила тргнуваат од пожарната во Автокоманда. Вкупно 4 возила од Скопје и 12 пожарникари.

Движејќи се низ сообраќајниот шпиц и метеж низ главниот град, за околу половина час овие луѓе се на местото. Но на терен нема пожар, ниту оган. Има автобус паднат во бездна, искршен, смачкан, превртен на покрив, кој во внатрешноста крие страшна слика.

За да направат место за возилата на Итната медицинска помош, пожарникарските возила се оставаат малку настрана од местото, оти сега нема потреба од вода. Овде, за оваа интервенција, има потреба од смиреност, присебност и знаење да се даде прва помош. Сега не се гасне пожар, туку се спасуваат животи.

Пожарникарите трчаат кон местото на несреќата. На сите страни луѓе, лелеци и повици за помош, но тие се сконцентрирани на пoвpедeните лица, да им помогнат да излезат од под заглавените седишта, лимови, шипки и од сето она што ги потиснало при превртувањето на автобусот.

Ги скротуваат емоциите и газат со цврсти, тешки и големи чекори, кои водат кон огромна одговорност. Минале многу обуки, но ова, како што вели нашиот соговорник, никогаш не го претпоставиле, ниту го симулирале во текот на осумгодишното искуство што тој го носи зад себе.

Надвор се замрачува, а во автобусот просторот е темен. Плачот, криците од бoлкa и повиците за помош за кратко ги прекинува слабата светлина од ламбата на Мартин Божиновски, 31-годишниот пожарникар од Скопје што прв успева да собере храброст и да се соочи со сликата во превртениот автобус… Целиот текст и разговор со Божиновски прочитајте го на МКД.мк.

 

 

- Реклама -