Катедралата е „спасена“, а спасени се и „главните ументички дела од зградата“, соопштија од париската противпожарна бригада на Твитер. Во твитот, тие ја пофалија и соработката меѓу „разните служби“ на државата, кои заедно работеле над девет часа за да го изгасат пожарот во Нотр Дам – една од најпознатите обележја на Париз, но и Франција, а секако и едно од најголемите културни наследства.
„Структурата на катедралата е спасена, а главните уметнички дела се преместени на безбедно, благодарение на заедничката акција на разните државни служби и нивната соработка“, стои во твитот.
1/2 #Intervention #NotreDame : la structure de la cathédrale est sauvée et les principales œuvres d’art ont été sauvegardées, grâce à l’action combinée des différents services de l’État engagés à nos côtés. pic.twitter.com/0GJZKAdYdM
— Pompiers de Paris (@PompiersParis) April 16, 2019
„По 9 часа беспоштедна борба, околу 400 пожарникари од Париз го исгасија застрашувачкиот пожар. Двајца полицајци и пожарникар се полесно повредени“, соопштуваат од париската противпожарна бригада во продолжение на твитот.
2/2 Après plus de 9h de combats acharnés, près de 400 pompiers de Paris sont venus à bout de l’effroyable l’incendie. 2 policiers et un sapeur-pompier ont été légèrement blessés. pic.twitter.com/re9ZR0KB3W
— Pompiers de Paris (@PompiersParis) April 16, 2019