Силно невреме проследено со пороен дожд, а на некои места и снег, го зафати североисточниот дел на Јадранот, од Ријека до Трст.
Во Ријека се случувал вистински хаос, улиците биле целосно поплавени, а сообраќајот се одвивал отежнато. На некои места се создале и вирови со длабочина од 40 сантимети.
Силно невреме е забележано и во словенечкиот град Копер и во близина на италијанскиот град Трст. Се очекува денес грмежи и силни дождови да има во Далмација.
Во повисоките делови на Истра забележан е и снег во вечерните часови. Подобрување на временските услови на Јадранот се очекуваат при крајот на оваа недела.