Повторно силно невреме на Јадранот

Силно невреме проследено со пороен дожд, а на некои места и снег, го зафати североисточниот дел на Јадранот, од Ријека до Трст.

Во Ријека се случувал вистински хаос, улиците биле целосно поплавени, а сообраќајот се одвивал отежнато. На некои места се создале и вирови со длабочина од 40 сантимети.

Силно невреме е забележано и во словенечкиот град Копер и во близина на италијанскиот град Трст. Се очекува денес грмежи и силни дождови да има во Далмација.

Во повисоките делови на Истра забележан е и снег во вечерните часови. Подобрување на временските услови на Јадранот се очекуваат при крајот на оваа недела.

Прочитајте и:  Поплавени куќи, улици, прекини во снабдувањето со струја - невремето предизвика хаос во скопско, кумановско и тетовско
- Реклама -