Пејачката Јелена Карлеуша често своите обожаватели ги почестува со своја провокативна фотографија.
Без разлика дали е во кревет, во лифт, соблечена или закопчана до грло, таа не пропушта прилика секој момент да го забележи.
Овој пат настапувала во Швајцарија, а под кожниот црн костим, на себе немала ништо.
Се фотографирала во многу провокативни пози, каде што јасно се гледа дека пејачката не носи долна облека.
Позирањето е нејзиниот најдобар начин да го прослави успешниот концерт.
Во опис на фотографијата објавена на социјалните мрежи, таа напишала „Завршен е уште еден настап… Ноќва беше општо лудило! Вие сте најдобрите фанови во светот!“.