Скарлет Јохансон повторно е прогласена за најсекси жена во светот според изборот на магазинот „Esquire“.
„Esquire“ ја прогласи актерката Скарлет Јохансон за најсекси жена во 2006 година, а сега повторно и ја додели ласкавата титула. Еве што вели актерката на тоа:
„Зарем сум единствената жена која ја освоила оваа титула два пати? Знаете, морам некако да се снајдам. Имам 28 години, работам во светот на филмот, зар не? Наскоро ќе играм улога на мајка и тогаш и тие ќе престанат. Морам некако да бидам во тек, а ова е дел од тоа“, рекла Скарлет во интервјуто за магазинот.
Погледнете ги сочните фотографии од Скарлет и оценете дали ја заслужува титулата „Најсекси жена во светот“?