„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше извршено првото пресадување на срце во државава

Насмеан и полн со енергија, како што вели министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи, утрово Иван Огњановски – пациентот кому му беше извршена првата трансплантација на срце во државата, бил на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Иван е во добра здравствена состојба, информира Филипче, и планира да го живее животот до максимум:

„Одлично се чувствувам. Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!“, изјави Иван.

- Реклама -